Вајт: Подготвувам забавни работи за Мек Грегор во 2021 година

Претседателот на УФЦ Дана Вајт изјави дека преговараат со Конор Мек Грегор и му подготвуваат забавни работи за 2021 година.

Во интервју за ЕСПН, Вајт одговори на прашање за неговата голема ѕвезда и се чинеше оптимист за враќањето на поранешниот двоен шампион. Последните денови Мек Грегор повторно влезе во скандал и беше уапсен во Франција.

Една млада жена поднесе жалба за сексуален напад против него, а сведок тврди дека ѕвездата на УФЦ недолично се однесувал пред мажена жена на Корзика. Се разбира, „Озлогласениот“ ги негираше обвинувањата и беше категоричен дека не е виновен.

„Му подготвуваме забавни работи на Конор Мек Грегор за почетокот на следната година. Тој треба да се врати во 2021 година. Не велам дека е загарантиран да се врати во борба, но во моментов разговараме за некои работи со него“, изјави Дана Вајт за ЕСПН.

Ариел Хелвани стапи во контакт со Ауди Атар, менаџерот на Мек Грегор, при што потврди дека тој и УФЦ работат на возбудливи работи за неговиот клиент.

https://www.instagram.com/p/CFPuvYLpYDq/

https://www.instagram.com/p/CFPuvYLpYDq/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО