Тајсон Фјури наскоро ќе го објави враќањето во рингот (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион на ИБО, ИБФ, ВБА, ВБО и на магазинот Ринг, Британецот Тајсон Фјури (25-0, 18 KO) изјави дека наскоро ќе го објави датумот на враќањето во рингот.

„Пријатели, исклучително сум возбуден поради фактот што наскоро ќе го објавам моето враќање во рингот. Наскоро ќе го дознаете датумот на моето враќање и името на мојот ривал“, рече Тајсон Фјури.

Тајсон Фјури не боксирал од ноември 2015 година, кога го победи долгогодишниот шампион Владимир Кличко.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО