Тајсон Фјури на 8 мај ќе се правда за кокаинот

Антидопинг агенцијата на Велика Британија закажа сослушување за Тајсон Фјури по позитивниот примерок на кокаин.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија ја објави својата намера да се врати, но пред тоа треба да ги исчисти своите престапи. Тој призна дека користел кокаин како последица на депресијата, во која падна по победата над Владимир Кличко кон крајот на 2015 година. Тоа беше и последниот меч на Англичанецот. Фјури ќе мора да ги помине и медицински тестови пред повторно да добие дозвола од Британскиот бокс борд.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON