Андерсон Силва посака нови пресметки со Биспинг и Дијаз

Андерсон Силва ја забележа првата победа по 2012 година, победувајќи го Дерек Брaнсон на УФЦ 208.

Овој успех го задржа статусот на Пајакот како борец на високо ниво и му даде надеж повторно да се доближи до дуел за шампионската титула. Запрашан со кого би сакал да се сретне, Бразилецот ги спомена имињата на шампионот во средна категорија Мајкл Биспинг и Ник Дијаз.

Еве што напиша Андерсон на Инстаграм:

„Тројцата сме одлични професионалци. Она што е најлогично во моментов е меч со мене, без оглед на појасот. Ако го оставиме настрана шоуто, ние се почитуваме еден со друг. Нов натпревар меѓу нас би претставувало голем дуел на џентлмени“.

„Мечот со Ник беше поништен, имаме приказна за раскажување. Тебе ќе те чекам во Бразил. Те чекам и тебе, г-дине Биспинг, по твојот меќ со ЖСП“.

https://www.instagram.com/p/BRkjlMzFzxT/?taken-by=spiderandersonsilva

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО