АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури му порача на талентираниот тешкаш да се врати во рингот што е можно поскоро

Поранешниот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, е еден од најдобрите тешкаши што влегле во рингот во последните десет години, добро ја познава дивизијата и знае како да препознае талент.

„Ромскиот крал“ имаше подеми и падови во текот на кариерата. Кон средината на мај минатата година во дуелот за апсолутен шампион во тешка категорија загуби од Александар Усик.

Непоразениот украински борец беше поуспешен и неколку месеци подоцна во реванш, а потоа во јануари Фјури го објави крајот на кариерата. Обожавателите се надеваат дека ќе се предомисли и ќе се врати на рингот.

Во последните месеци во неколку објави покжа како се враќа на тренинзите, но засега нема конкретни информации за неговото потенцијално враќање.

Во поткастот „Паунд 4 паунд“, Фјури се осврна на 25-годишниот американски борец Џаред Андерсон, за кого често вели дека е „најталентираниот тешкаш во светот“.

„Би сакал да го видам Џаред Андерсон назад во рингот што е можно поскоро, сакам да се врати на натпреварите. Тој е млад и одличен борец“, рече Тајсон Фјури и додаде:

„Тој е сè уште најталентираниот тешкаш во светот. Изгуби само една борба и тоа со нокаут. Понекогаш талентот едноставно не е доволен. Не треба да брзате во борба ако не сте подготвени“,

Џаред Андерсон од многумина се смета за еден од поперспективните млади боксери, кој до мечот против Мартин Баколе во август 2024 година имаше совршен скор од 17-0.

Конгоскиот нокаутер го победи „Риал биг бејби“ со прекин во петтата рунда на настан во Лос Анџелес. Андерсон се врати на рингот во февруари и во не толку одличен настап со одлука на поени го победи Мариос Кољас.

Имаше гласини дека Андерсон во септември би можел да се бори со Џарел Милер, но американскиот ветеран неодамна откри дека неговиот помлад сонародник ја одбил борбата. Многумина веруваат дека Џаред повеќе нема мотивација.

Милер ремизираше со Енди Руиз Јуниор во последната борба пред една година, а треба да се врати на рингот следниот месец против Мајкл Хантер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON