Тајсон Фјури му порача на Дионтеј Вајлдер: Ќе ти го искорнам срцето! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури ќе се сретне со Дионтеј Вајлдер оваа година, но нивната борба сè уште не е официјално објавена, а е предвидена за ноември. Тие се соочија минатиот месец во рингот по последниот меч на Фјури, кога го победи Франческо Панета.

Вајлдер и Фјури го заземаат 3-тото и 5-тото место според ИВБР, зад Џошуа и Поветкин, меѓу нив е Дилиен Вајт. Во меѓувреме, Фјури е петиот предизвикувач на Вајлдер според ВБЦ. И додека многу обожаватели се уште се сомневаат дека ќе се борат, затоа денеска Фјури го истури гневот врз на Вајлдер.

„Ние сме Спарта! Доаѓам за тебе Вајлдер. Доаѓам за тебе, ќе ти го искорнам срцето и ќе ти го дадам на послужавник, мрзливецу“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО