Головкин сака да го казни Канело за сите зла

Генади Головкин оваа недела рече дека има намера да го казни Сол Алварез – Канело во реваншот за сите лоши работи што се случиле меѓу нив во последните шест месеци.

„Сакам да го казнам, сакам да се борам и да го казнам за сите зла што ги направи со својот тим – да ги ставам работите на место“.

Абел Санчез, тренерот на Головкин, не е загрижен од бесот на неговиот борец спрема Алварез и дека тоа ќе пречи да се бори.

Санчез е уверен дека Головкин ќе успее ефикасно да ги користи емоциите додека се обидува да го натера Алварез да си плати за двата позитивни допинг тестови поради кои беше откажан реваншот.

„Не е бесен. Има цел во салата, има и цел на рингот. Канело направи некои работи за кои треба да плати и ќе го стори тоа во рингот. Продолжуваме да тренираме напорно. Головкин сепак е истиот човек. Ревносно тренира. Овој пат е исклучително фокусиран на тоа да го казни Канело – на ист начин како кога се бореше со Кертис Стивенс. Ако се сеќавате, кога се бореше со Стивенс, пак така се чувствуваше. Психата му е иста“.

Стивенс многу зборуваше за Головкин пред нивната средба во ноември 2013 година. Стивенс дури и предвиде дека ќе го стави Головкин во ковчег и ќе направи лажен погреб за идниот шампион, што навистина го навреди Головин.

Головкин (38-0-1, 34 КО) успеа да го собори Стивенс во втората рунда и го победи со ТКО кога тренерот на Стивенс, Андре Розиер го замоли судијата Харви Док да стави крај на средбата при крајот на 8-мата рунда.

Алварез (49-1-2, 34 KO) не загубил со нокаут или ТКО во 12-годишната кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО