Тајсон Фјури: Кличко очекува да качам уште 60 кг

Fjuri debel betmen

Светскиот шампион во бокс, Тајсон Фјури, смета дека штабот на Украинецот, Владимир Кличко, намерно ги одолговлекува преговорите за реванш мечот, надевајќи се дека тој ќе ја подигне килажата и нема да успее да влезе во форма.

„Мислам дека тие очекуваат да има 60 кг повеќе и самиот да се симнам од тронот. Но, тоа нема да се случи. Кога ќе се знает датумот за реваншот, јас веднаш ќе влезам во салата и ќе работам напорно“, вели Тајсон Фјури.

Како што е познато, двајцата боксери се уште немаат закажан датум за втората борба. Според првичните планови, средбата требаше да се одржи на 7 мај, но како времето одминуваше мечот беше поместен за подоцнежен датум. Следуваше претпоставка за 4 јуни, потоа за јули, а последната информација од вчера е дека реваншот може да биде одложен до есен.

Тајсон Фјури ја шокираше светската боксерска јавност откако на крајот на минатата година го совлада Владимир Кличко. Натпреварот се одржа на 29 ноември во „Еспирит арена“ во Дизелдорф, каде што Британецот победи со едногласна судиска одлука во 12 рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО