Тајсон Фјури: Кличко е куќа со лајна! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури огледало

Тајсон Фјури (Англија) ја отвори големата уста и почна со нападите против светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко (Украина).

Се очекува тие да имаат средба наесен, но се уште не е јасно каде и кога ќе се случи тоа. Англичанецот е официјален кандидат за две од титулите на Кличко

„Тој е куќа со лајна“ – изјави Фјури.

– Ако се осмели да ме држи, ќе го удрам во мадињата. Кога бевме заедно, се исплаши да прави спаринг со мене. Си имав ставено кацига и му реков да се испробаме. Одби, тврдејќи дека во тоа време се подготвувал за мечот со Дерек Чисора и правел спаринг само со мали боксери, – се закани Фјури.

Промоторот на Фјури – Мик Хенеси, додавајќи дека најверојатно организаторот на натпреварот ќе биде решен на аукција. Двете страни имаат проблеми во остварувањето на договорот.

„Убеден сум дека луѓето на Кличко сериозно ќе наддават, бидејќи тие ретко губат слични аукции. Средбата може да се одржи во секое време меѓу септември и ноември“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО