Тајсон Фјури: Ќе пеам кога ќе го победам Кличко!

Tajson Fjuri so pjasi

Британскиот професионален боксер во тешка категорија, Тајсон Фjuри, си го одржа зборот и пееше по победата во саботата над Романецот Кристијан Хамер.

Тајсон Фјури кој на професионалниот ринг има 24 натпревари и 24 победи, од кои 18 со нокаут, објави дека повторно ќе пее, а боксерските навивачите ќе слушнат нова песна, кога ќе го победи светскиот шампион во четирите федерации Владимир Кличко.

„Јас сум подготвен за борба со Кличко. Станав значително подобар боксер и сум подготвен мојот следен ривал да биде Владимир. Јас зборував дека ќе пеам, ако добијам мечот со Хамер. Јас повторно ќе пеам кога ќе го победам Кличко“, изјави Тајсон Фјури.

http://youtu.be/UQ2zawu7iso

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО