Тајсон Фјури кажа што мисли за Мек Грегор

Тајсон Фјури го кажа своето мислење за ирската ММА ѕвезда, Конор Мек Грегор. 30-годишниот борец е еден од најпрепознатливите лица на УФЦ во целиот свет, а во 2017 година го направи своето боксерско деби, губејќи од Флојд Мејведер.

Една година подоцна, повторно се врати во ММА, а во октомври загуби од легендарниот шампион Хабиб Нурмагомедов.

Конор потоа бешевмешан во различни инциденти надвор од рингот.

Сепак, Фјури верува дека различните проблеми околу Ирцот не треба да ги засенуваат неговите постигнувања.

„Мислам дека Конор го смени целиот ММА спорт“, изјави Фјури за ЕСПН.

„Тој стана преседан, всушност запали сите. Дефинитивно го промени спортот.

Премина во боксот и се бореше со Мејведер. Стана огромна суперѕвезда и дефинитивно има многу со што да се гордее.

Секој има проблеми со моменти во животот. Но, не е важно какви проблеми имаме, туку како ги решаваме и што учиме од нив“.

Фјури се подготвува за мечот против Американецот Том Шварц во Лас Вегас на 15 јуни, откако не успеа да постигне договор за дуел со Дионтеј Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО