Вајлдер: Брзината ме прави најопасен човек во светот

Дионтеј Вајлдер е полн со фалби по импресивната победа над Доминик Бризил. Светскиот боксерски шампион во тешка категорија го нокаутира својот стар ривал во првата рунда.

„Побрз сум отколку што мислат многу луѓе. Токму тоа ме прави најопасниот човек во светот. Кога го користам мојот интелект во рингот, се добива вистинска магија. Посеудвам неверојатна моќ, но тоа не е тајна. Знам дека сум опасен. Моите раце носат смртоносна закана. Сега дојде моментот да продолжам напред“, рече Вајлдер.

Вајлдер објави дека е време да се бори против Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО