Тајсон Фјури изјави дека неговата кариера не е завршена и дека планира уште најмалку пет борби (ВИДЕО)

Британскиот шампион во тешка категорија и ВБЦ, Тајсон Фјури, ги отфрла сите шпекулации дека е време да се пензионира откако ја откажа борбата против Александар Усик која требаше да се одржи во Саудиска Арабија за десет дена.

Мечот за обединување на титулата во тешка категорија веднаш доби нов термин, така што Фјури и Усик ќе се сретнат во рингот на 18 мај на истото место.

Кралот на Ромите доби расекотина над десното око при спаринг меч со хрватскиот боксер Агрон Смакиќи.

Откако побара одложување многу експерти и обожаватели се прашуваа дали тој некогаш повторно ќе се бори.

Но, Фјури на социјалните мрежи објави дека се уште нема намера да се пензионира и дека има во план уште најмалку пет борби.

„Слушам луѓе кои велат дека треба да се пензионирам или дека ќе го направам тоа наскоро, но тоа не е баш така. Се уште нема да одам во пензија“, изјави Тајсон Фјури, а потоа го претстави својот план:

„Имам две борби со Усика за апсолутен шампион. Потоа ме чека барем еден меч против Еј Џеј, а можеби и реванш ако сака повеќе ќотек од мене и секако борба против Нгану. И тоа е за почеток. Значи, има пет мали борби за да го зголемите апетитот. Не одам никаде. Имам 35 години и сум во цутот на мојот живот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО