Христијана Парулеска е најдобар спортист во Охрид за 2023 година, доминација на таеквондото

Вчерва Христијана Парулеска од Таеквон-до клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец – Охрид и репрезентативка на Македонија, е прогласена за најдобар спортист во Општина Охрид во изборот за 2023 година.

Христијана Парулеска во 2023 година испиша историја во македонскиот спорт. На Европското првенство во Јесоло-Италија таа освои златен медал во борби, сребрен медал во форми и беше прогласена за најдобра кадетка во Европа. Неколку месеци подоцна на Светското првенство во Астана-Казхстан, во силна конкуренција Парулеска го освои бронзениот медал во борби.

„Посебна чест ми претставува што сум вечерва тука со вас и најдобрите спортисти од нашиот град со кои имаме иста цел, да го негуваме спортот и да бидеме најдобри помеѓу најдобрите. Посакувам оваа година да бидам уште поуспешна и цел свет да слушне за нашата татковина“, истакна најдобрата спортистка на Охрид, Христијана Парулеска.

На изборот беа прогласени спортските надежи во машка и женска конкуренција, најдобриот тренер, клуб, спортист странец кој настапува во екипа од Охрид, како и Охриѓанец кој настапува надвор од територијата на општината.

Беа врачени и признанија за придонес во развојот на водените спортови, а постхумно професорот Миле Христовски беше прогласен за Спортска легенда на Охрид.

Охридска спортска надеж во инивидуален спорт (мажи)
Александар Камнароски – Атлетски Клуб „Охрид ТрчаТ“ – Охрид.

Охридска спортска надеж во индивидуален спорт (жени)
Елена Јанеска – Таеквон-до клуб„Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид.

Охридска спортска надеж во колективен спорт (жени)
Сара Ѓорѓиеска – Градски кошаркарски клуб „Охрид“ – Охрид.

Тренер на годината
Марјанчо Лазаревски – Таеквон-до клуб „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид.

Ја предводеше македонската репрезентација на ЕП во Јесоло, Италија, каде Христијана Парулеска освои злато во борби и сребро во форми, а уште тројца репрезентативци стигнаа до ¼ финале. Лазаревски во 2023 година ја предводеше репрезентацијата и на СП во Астана, Казахстан, на кое Христијана Парулеска стигна до бронза во борби. Во 2023 година неговите ученици учествуваа и на Државното првенство во таеквондо, како и на 10 меѓународни натпревари, освојувајќи рекордни 266 медали: 53 златни, 61 сребрени и 78 бронзени.

Спортска екипа на годината
Таеквон-до клуб „Хва ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид.

Членовите на Таеквон-до клуб „Хва ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид во 2023 година постигнаа историски резултати на домашни и меѓународни натпревари. Како дел од репрезентацијата на Македонија, охридските таеквондисти учествуваа на Државното првенство во таеквондо и на 10 меѓународни натпревари, освојувајќи рекордни 266 медали: 53 златни, 61 сребрени и 78 бронзени. Членот на ТК „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, Христијана Парулеска, на ЕП 2023 во Италија освои злато и сребро, а на СП 2023 во Казахстан се закити со бронзен медал.

Спортист странец кој настапува во екипа од Охрид
Гал Цирар – Градски ракометен клуб „Охрид“ – Охрид.

Спортистка од Охрид која настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид
Јована Котушеска – Шаховски Клуб „Алкалоид“ – Скопје.

Признание за афирмација и промоција на водение спортови
Кајак Кану Клуб „Стрмец“ – Охрид.

Признаие за афирмација и промоција на водение спортови
Здружение за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ – Охрид.

Фото: ohridnews.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО