Волкановски вети дека на Топурија ќе му одржи лекција: Ќе биде приземјување, неговото време се уште не е дојдено!

Има многу што го отпишуваат Волкановски по поразот од Махачев, но како да забораваат за каков борец станува збор.

Многу е кажано од Илија Топурија изминативе неколку недели како што се наближува УФЦ 298 и неговиот меч против шампионот Александар Волкановски. Младиот Топурија е полн со самодоверба и се чини дека не се сомнева во својата победа, што е менталитет што треба да го имате во овој спорт.

Додуша, ваквите зборови треба да се поткрепат и во кафезот и тука доаѓаме до нешто потешкиот дел од работата. Волкановски е свесен за се што зборува Топурија во последно време, па вети дека ќе му одржи лекција.

„Ова ќе биде приземно искуство за него, и не само за него, туку и за многу луѓе. Многу луѓе се обидуваат да ми кажат дека треба да го живеам својот живот, дека не треба да се вратам толку брзо, но веројатно го прават тоа затоа што им е грижа. Ќе ме видите за неколку дена. Нешто се случува и сите се обидувате да ми кажете како да живеам? Морам да ги потсетам луѓето на некои работи и да го приземам овој човек“, рече Волкановски на Јутјуб каналот на Адесања.

„Ова ќе биде лекција. Ќе дојдам таму, ќе му одржам лекција, тоа ќе му биде приземјување, бидејќи неговото време уште не е дојдено. Ова е тешка љубов, сето ова го кажувам од почит, ама ова е тешка љубов“, додаде тој.

Има многу што го отпишуваат Волкановски по поразот од Махачев, но како да забораваат за каков борец станува збор. Секако, постои можност Волкановски да излезе од своите најдобри години, но повеќе ќе знаеме следната недела по настанот УФЦ 298 и неговиот меч против Топурија. Мечот е закажан за 17 февруари, па едвај чекаме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО