Тајсон Фјури: Имам повеќе нокаути отколку што има Усик борби

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0) изјави дека не го смета шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0) за сериозна закана. Фјури се пофали дека има повеќе нокаути отколку што Украинецот има борби во бокс.

Фјури се враќа во рингот овој викенд. „Џипси Кинг“ ќе направи трилогија со Дерек Чисора во Лондон. Тајсон веќе има 2 победи над Чисора, но сакаше трета борба. Усик ќе биде во публиката за да ја гледа трилогијата.

Има големи шанси тој и Фјури да се соочат доколку Тајсон го победи Чисора.

„Во професионалниот бокс сум 14 години. И се уште немам ниту еден пораз. Целиот овој муабет за Усик…дали воопшто разбираш дека имам се што тој сонува?

Имам повеќе нокаути отколку тој што има борби. Во плакарот имам повеќе појаси отколку панталони.

Имам повеќе појавувања на главните настани отколку тој што има чорапи“, рече Фјури на Јутјуб каналот „Квинсбери промоции“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО