Кевин Холанд: Ќе се пензионирам ако Чимаев се бори за титулата

Американскиот ММА борец Кевин Холанд најави дека ќе се пензионира доколку Хамзат Чимаев добие борба за титулата во средна категорија. Изминативе денови Чимаев и Переира меѓусебно се обвинуваа дека нема борба меѓу нив.

Во септември на УФЦ 279 Чимаев го победи Холанд со принуда за 2 минути. Борбата се случи во средна категорија откако Хамзат не успеа на мерењето. Овој викенд Холанд се враќа да се бори со Стивен Томпсон во Флорида.

Холанд вели дека ако Чимаев добие шанса за титулата против Алекс Переира, тогаш тој е надвор од ММА.

„Бев сериозен да ја завршам кариерата. Се уште важи. Ако во недела наутро, кога ќе го победам Томпсон, се разбудам и видам дека Чимаев има борба за титула со Алекс Переира, иако тој не се борел со борец од топ 15, тогаш сум аут.

Јасно е дека бизнисот е бизнис и некој има свои миленици, но оваа личност не се вклопува во тежината. Се борев со него откако не можеше да ја намали тежината, кога не требаше да се борам со него“, рече Холанд на прес-конференцијата пред УФЦ на ЕСПН.

За 4 години во УФЦ Холанд направи 16 борби. Натпреварот против Томпсон за него ќе биде број 17 во организацијата. Сепак, Кевин се уште не освоил појас во ниту една од категориите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО