Тајсон Фјури и Мануел Чар се згужваа во Келн (ВИДЕО)

Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) бара противник за повртанички меч.

Судејќи по ова видео тоа ќе биде Мануел Чар (30-4, 17 КО).

Фјури беше на саемот за фитнес ФИБО во Келн, кога  му пријде 32-годишниот Сириец и го предизвика на борба.

„Еј Тајсоне, рече дека сакаш повторно да боксираш, еве ме. Јас сум шести ранг листата на ВБА, може да се бориш со мене“, му рече Чар.

„Ќе се борам со тебе „Дијамант бој“ кога сакаш, иако си пре мал за мене. Кога ќе се вратам ќе се борам со тебе сто отсто“, одговори „Кралот на Циганите“.

Чар потоа го нарече лудак и следеше не многу убедливо туркање.

Фјури не се борел од победата над Владимир Кличко во ноември 2015 година кога стана светски шампион во тешка категорија. Во меѓувреме, ИБФ му ја одзеде титулата, а останатите ги ослободи.

Откако во 2015 година го нокаутира актуелниот ВБЦ шампион во лесно тешка категорија Меирис Бриедис, Чар во 2016 година постигна две победи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО