АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Величествен пречек на Дејан Георгиевски во Бутел по освојувањето на бронзениот медал на ЕП (ФОТО)

На освојувачот на бронзениот медал од Европското првенство во У-21 во таеквондо во Софија, Дејан Георгиевски, вечерва му беше приреден величествен дочек во скопската Општина Бутел.

Стотици граѓани на Општината излегоа да го поздрават првиот Македонец кој се запиша во историјата на таеквондо спортот и еден од кандидатите за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Дејан Георгиевски денеска во категоријата над 87 килограми во првото коло го совлада Емре Атлеси од Турција со 14-6, потоа Гркот Панагиотис Тапеинос со 10-6. Во борбата за влез во финалето нашиот репрезентативец беше тесно поразен од Русинот Вадим Мелников 10-9.

Треба да нагласиме дека Дејан во првата борба со Турчинот Емре Атлеси се здоби со сериозна повреда на левата нога и буквално се бореше со една нога во наредните две борби.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON