Тајсон Фјури го врати ударот

Тајсон Фјури не му остана должен на Ентони Џошуа по нападите дека „боксира досадно“ и побрза да му одговори на сонародникот.

Џошуа г обвини Фјури дека навивачите доволно не се забавувале кога го победил Владимир Кличко во 2015 година.

Ексцентричниот Британец побара средба со Џошуа до крајот на годината и повторно ја користи социјалната мрежа Инстаграм за да му одговори на овој светски шампион.

„Подобро да победиш и да бидеш здодевен, отколку да паднеш на подот и потоа да победиш.

Победив и ќе продолжам да го правам тоа. Џошуа вели дека сум досаден борец.

Ги гледам картичката и натпреварите на Флојд Мејведер, тој е господар на ударот и не бил треснат.

Во боксот не станува збор колку добро можеш да удриш, туку како да победиш и што ти носи секоја средба.

Одбраната е многу важна, а не враќање на удар, откако веќе еднаш паднаа на подот. Маневри, подобра одбрана и вистински бокс – за тоа станува збор“, заврши Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО