Тајсон Фјури го објави името на новиот тренер со кого ќе се подготвува за реваншот со Вајлдер

Тајсон Фјури (29-0-1, 20 КО) за реваншот со шампионот на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Валјдер во февруари следната година ќе се подготвува со нов тренер.

Во пресрет на неговото враќање во рингот по две години пауза и ја загуби титулата освоена против Владимир Кличко, „Кралот на Циганите“ ја прекина соработката со неговиот чичко Питер Фјури и започна да работи со младиот тренер Бен Дејвисон.

Од јуни 2018 до септември 2019 година, заедно поминаа пет борби, во кои е вклучен и нерешениот меч со Дионтеј Вајлдер за појасот во тешка категорија на ВБЦ.

Фјури за новата пресметка со Вајлдер реши тргне по друг пат и да го смени тренерот, а Дејвисон ја потврди разделбата преку социјалните мрежи.

„Очигледно, приказните нема да запрат сè додека не се добие одговор. Тајсон и јас моравме да донесеме одлуки за нашите кариери што резултираше со завршување на нашата соработка. Но, ние остануваме пријатели и тој ќе го згази клошарот“, објави Дејвисон.

Фјури ќе се подготвува за нова борба со ВБЦ шампионот со Шугар Хил Стјуард.

Станиува збор за внукот на покојниот легендарен тренер Емануел Стјуард.

Фјури во потчекот десетлетието престојувал во неговата спортска сала „Кронк“ во Детроит, каде што тренирал неговиот братучед Енди Ли. Стјуард го примил во неговиот дом и работел со него три недели. Тогаш се запознал и со Шугар Хил.

https://www.instagram.com/p/B6GrQuDJg-E/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО