Тајсон Фјури го извести ВБЦ дека има намера да ја продолжи кариерата

Британскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури (32-0, 23 КО) го известил ВБЦ дека има намера да ја рестартира својата кариера, објави Скај спортс. Според изворот, британскиот тешкаш им наложил на своите промотери да ја информираат организацијата за ова.

На почетокот на овој месец, ВБЦ му даде рок на Фјури до 26 август да каже дали има намера да ја продолжи кариерата или да го ослободи појасот.

Потсетуваме дека Фјури најави повлекување по победата извојувана во борбата со сонародникот Дилиен Вајт во април во Лондон. Малку подоцна Фјури најави обнова на кариерата, а воедно и смена на тренерот.

Тогаш на неговиот роденден „Џипси Кинг“ даде изјава дека се уште е во пензија. Денови подоцна Тајсон го следеше натпреварот меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик и објави дека е заинтересиран за пресметка со Украинецот.

Следен противник на Фјури се очекува да биде Усик доколку тој навистина ја продолжи кариерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО