Џонсон е шампион на ОНЕ по страшен нокаут над Мораеш (ВИДЕО)

Легендата на УФЦ Деметриус Џонсон е новиот шампион на ОНЕ шампионатот во мува категорија. 36-годишната легенда имаше реванш со Бразилецот Адријано Мораеш на главниот настан на ОНЕ он Пајм видео што се одржа пред малку во Сингапур.

Џонсон бараше реванш против Мораеш, кој во април 2021 година го нокаутира. Адријано стана првиот ММА борец кој го нокаутира Џонсон во неговата славна ММА кариера. Овој пат, сепак, работите се свртеа.

Мечот меѓу Џонсон и Мораеш беше доста интересен и отиде во 4 рунди. Првите две рунди оставија впечаток дека води Мораеш. Тој можеше да ја однесе борбата на партер и да заземе доминантна позиција. Мораеш приземјуваше удари, но Џонсон не му должеше ниту од лесна позиција.

Веќе по првата рунда Џонсон со силен лакт му нанесе голема повреда над окото на Мораеш. Над едното око Адријано имаше повреда, а другото почна да се затвора. Во третата рунда „Мајти Маус“ можеше да ја одржи борбата и да доминира.

Во четвртата Џонсон продолжи да се надборува Мораеш во стој. Во 4. минута од 4. рунда Џонсон со десно кроше го повреди Мораеш. Адријано почна да паѓа наназад, а Џонсон го следеше и му здададе летечко колено со кое тешко го нокаутира.

Така Џонсон ја освои титулата во мува категорија на азиската ММА организација. Деметриус ја забележа 4-тата победа во 5 борби под знамето на ОНЕ. Во тие 5 борби можеше да го освои турнирот ОНЕ и сега титулата во дивизијата. По борбата беше откриено дека заработил и бонус за нокаут од 50.000 долари.

ОНЕ резултати:
Главна карта
Деметриус Џонсон – Адријано Мораеш со КО Р4, 3:50
Нонг-О Гајангадао – Лиам Харисон со ТКО Р1, 2:10
Панпајак Џитмуангнон – Савас Мајкл со КО Р2, 0:10
Маркус Алмеида – Кирил Гришенко со завршница Р1, 1:04
Амир Алиакбари – Мауро Церили со ТКО Р2, 4:02

Прелиминарни
Суперлек Китамо – Валтер Гонкалвес со КО Р1, 1:35
Дијандра Мартин – Амбер Кјчен со одлука
Ицуки Хирата – Хеќин Лин со одлука
Себастијан Кадестам – Јури Лапикус со КО Р1, 0:57

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONE Championship (@onechampionship)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО