Гого Славески на 10 септември ќе ги одмери силите со Далас Дејвисон на БКФЦ 29

Горјан – Гого Славески на 10 септември ќе ги одмери силите со Далас Дејвисон во бокс без ракавици на настанот БКФЦ 29 во Монтана.

Ова ќе биде трет меч за Славески во БКФЦ. Во првите два забележа две нокаут победи.

На првата средба во април извојува победа со нокаут над Рамал Аманов од Русија.

На БКФЦ 26 во јуни на Флорида славеше со нокаут во првата рунда против Џастон Стилс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО