Тајсон Фјури е потежок од Дерек Чисора пред трилогијата (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Дерек Чисора се мереа во пресрет на нивната борба во саботата навечер. Нивната трилогија ќе се одржи на стадионот на Тотенхем во Лондон.

„Џипси Кинг“ кој ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија беше нешто потежок од противникот. Тајсон се закова на 121,56 килограми, а Чисора беше малку полесен со 117,93 килограми. Фјури (32-0-1, 23 КО) во минатото веќе двапати го совлада Чисора (33-12, 23 КО).

Во реалноста, нивната борба нема смисла од гледна точка на спортот. Во Велика Британија, пак, се возбудени и купиле 50.000 билети за само еден ден. Се очекува Александар Усик да биде покрај рингот за да ја следи борбата одблизу.

Чисора излезе од пензија поради оваа борба и по неа сигурно повторно ќе се пензионира. Разликата е во тоа што тој ќе биде неколку милиони побогат.

Тајсон Фјури – 121,56 килограми

Дерек Чисора – 117,93 килограми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО