АктуелноОстанатоСамбо

Бронзен медал за Далибор Богданов на Европскиот самбо куп „Карпати“

Македонските самбисти постигнаа забележителен успех на Европскиот самбо куп „Карпати“ во Романија. Далибор Богданов освои борнзен медал, додека Алберт Реџиќ е петти, а Омар Факиќ седми.

Богданов првата борба ја добива против натпреварувач од Украина, а во полуфиналето губи на поени од друг Украинец. Финалето му избега, но го освои бронзениот медал.

Реџиќ првата борба ја губи од Украинец, а во борбата за трето место губи од домашен борец. Факиќ е поразен од Укаринец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON