Тајсон Фјури би можел да заработи 60 милиони евра за борба со Усик

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, може да заработи околу 55-60 милиони евра за борба со украинскиот боксер Aлександар Усик, тврди британското издание Дејли Мејл.

Неодамна се појавија гласини дека борбата за обединување на сите титули во тешка категорија меѓу Фјури и Усик би можела да се одржи на 17 декември во Ријад (Саудиска Арабија).

Пред неколку дена Александар Усик го победи Ентони Џошуа со поделена одлука и ги одбрани титулите во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО. По борбата Украинецот изјави дека „или ќе се бори со Фјури или со никој“.

Тајсон Фјури постојано најавуваше дека се пензионира, но одговори на предизвикот на Усик. Британскиот светски шампион во ВБЦ се уште е непоразен. Фјури има 33 борби и 32 победи, а една борба заврши нерешено.

Двајцата вербално се согласуваат да се пресметаат, но тоа не е доволно. Останува да видиме дали ќе се разберат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON