Хабиб: Можам да влезам во форма за 6 месеци

Хабиб Нурмагомедов може да влезе во борбена форма за 6 месеци, но не сака.

Дагестанската ММА легенда планира да го одржи зборот и да остане во пензија. „Орелот“ се пензионираше пред 2 години откако го победи Џастин Гејџи во Абу Даби. Хабиб избра да се повлече на врвот со скор од 29-0 во ММА и како шампион во лесна категорија.

Дана Вајт се обиде да го врати назад, но не успеа. Хабиб се посвети на својата ММА организација и изјави дека враќањето не е опција, иако ќе биде во топ форма за 6 месеци.

„Заборавате зошто ја завршив кариерата. Се пензионирав на 32 години додека бев на врвот. Барем до 34 години можете да настапувате на највисоко ниво. Не си заминав бидејќи не бев во форма.

Имаше ситуација со татко ми, разговор со мајка ми. Моето семејство сакаше да ја завршам кариерата. Тоа нема никаква врска со мојата конкурентност.

Тренирам секој ден и би можел да влезам во борбена форма за 6 месеци, но никогаш нема. Она што беше го нема. Во еден момент бев шампион, но тоа помина.

Сега тоа е уште една фаза од животот“, изјави Хабиб за РБ спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО