Тајланд воведува специјална виза за странските кикбоксери

Тајландската влада планира да воведе специјална виза за странските туристи кои сакаат да го посетат Тајланд за да вежбаат мај тај и кик бокс.

Оваа виза ќе им овозможи да останат во земјата до 90 дена за да ги завршат камповите. Пимол Сривикорн, советник на премиерот и претседател на владиниот поткомитет за промоција на активности поврзани со спортот, рече дека на состанокот било одлучено да се промовира мај тај.

Туристичката виза моментално му дозволува на странецот да престојува во Тајланд до 60 дена, но со специјалната виза за вежбање на мај тај ова може да се продолжи на 90 дена. Владата сака мај тајот да се шири низ целиот свет. Тие ќе се рекламираат и на веб-страницата Now Muay Thai ( www.nowmuaythai.com ).

Тоа е платформа за странците заинтересирани за спорт да избираат курсеви низ Тајланд. Оваа иницијатива е дел од напорите на тајландската влада да го промовира мај тајот на глобално ниво и да привлече странски туристи заинтересирани за оваа традиционална боречка вештина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiger Muay Thai (@tigermuaythai)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО