Менаџерот на Бивол: Подготвен е за Бетербиев

Шампионот на ВБА во полутешка категорија Дмитри Бивол ќе ја води својата следна борба против шампионот на ВБЦ, ИБФ и ВБО во полутешка категорија, Артур Бетербиев, кога тимот на вториот, исто така, постигна договор со Општиот забавен орган на Саудиска Арабија, кој сака да ги види двата шампиони на рингот во Ријад на следнaтa голема боксерска вечер.

Според менаџерот на Бивол – Вадим Корнилов, побарувачката за оваа борба за титулата апсолутен светски шампион никогаш не била поголема, бидејќи станува збор за двајца шампиони кои се меѓу првите 10 најдобри боксери во светот, без разлика на тежинската категорија.

„Доколку Бетербиев е подготвен, следната борба ќе биде Бивол-Бетербиев за титулата апсолутен светски шампион во полутешка категорија“, ја цитира ЕСПН изјавата на Корнилов. „Тешко е да се најде поинтригантна и поконкурентна конфронтација во боксот во моментов. Верувам дека победникот од оваа битка треба да биде на врвот на рангирањето на П4П“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО