Таеквондистите на Хва ранг ИТФ и онлајн растураат – 7 медали на „Чешка е-опен 2021“ (ФОТО)

Викендов се одржа Mеѓународниот отворен таеквондо ИТФ онлајн турнир „Чешка е-опен 2021“ во организација на Чешката таеквондо ИТФ федерација, а на кој настапи и охридскиот клуб „Хва ранг ИТФ“ со 15 натпреварувачи. Таеквондистите на Хва ранг ИТФ освоија 7 медали – 1 златен, 3 сребрени и 3 бронзени.

Поради пандемијата, турнирот беше организиран преку видео стримови и на истиот изостанаа оние класични спаринг борби, па таеквондистите се натпреваруваа само во една дисциплина, форми.

На турнирот учествуваа 400 натпреварувачи од 47 клубови од 23 европски земји.

Таеквондистите од Охрид за прв пат учествуваа на ваков турнир.

„После долго време  имавме прилика повторно да го почувствуваме натпреварувачкиот дух, иако е преку интернет сепак желбата за победа ги мотивира нашите натпреварувачи , кои покрај големата конкуренција успеаја да не израдуваат со седум медали“, изјави тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Освојувачи на медали се:
Елена Јанеска – златен медал, 6-5 куп (зелен појас) јуниори девојки 14-17 год.
Давид Крстески – сребрен медал, 1 дан (црн појас) деца 11-13 год.
Христијана Парулеска – сребрен медал, 6-5 куп (зелен појас) девојчиња 11-13 год
Никола Балчески – сребрен медал 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год.
Давид Велковски – бронзен медал, 1 дан (црн појас) сениори 18-39 год.
Петар Трифуноски – бронзен медал, 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год.
Филип Митрески – бронзен медал, 8-7 куп (жолт појас) деца 11-13 год.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО