Таборот на Џошуа се обиде да го тргне украинскиот судија од реваншот со Усик

Избраниците на Ентони Џошуа се обидоа да го тргнат украинскиот судија од реваншот со Александар Усик.

Штабот на Џошуа не го сакаше украинскиот судија Виктор Фесечко. Промоторот на Александар Усик, Александар Красјук, на социјалните мрежи објави дека К2 промоција и Мечрум бокс се договориле за трио судии, но тимот на Џошуа поднесе жалба и се обиде да го замени Фесечко со британски судија.

Сепак, според Красјук, списокот на судии останува непроменет и сите веќе пристигнале во Џеда. На борбата, заедно со Фесечко, ќе работат американски и британски судија. Судија во рингот ќе биде Порториканецот Луис Пабон.

Првата борба меѓу Усик и Џошуа заврши со победа на украинскиот боксер со едногласна одлука. Реваншот е денеска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. Cat. Aleksandr (@usykaa)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON