Вајлдер: Погледнете го Џошуа, тој изгледа скршен!

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Дионтеј Вајлдер го кажа своето мислење за претстојната борба меѓу Украинецот Александар Усик и Ентони Џошуа.

Нивниот реванш ќе се одржи подоцна денеска во Саудиска Арабија.

Усик ја доби првата борба со едногласна одлука кон крајот на 2021 година. Сега е време за втората епизода, а Вајлдер е зад Усик.

„Ќе бидам за Александар Усик. Сега изгледа посамоуверено од кога било.

Погледнете го Ентони Џошуа, изгледа како друга личност. Ентони изгледа скршено, дури и повеќе од порано“, изјави Вајдлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО