Светското сениорско првенство во борење ќе се одржи, но се откажаа други шампионати

Меѓународната федерација за борење (UWW/ ОСБ) одлучи Светското првенство во машка и женска конкуренција, чиј домаќин е српската престолнина Белград, да се одржи според планираното. Сепак, Севтското првенството јуниори и девојки нема да се одржи.

Веќе 70 проценти од земјите учеснички на претходниот Мундијал го потврдија учеството. Покрај тоа, се пријавија и 9 од најдобрите 10 екипи. Од тие причини, Меѓународната федерација за борење го задржа шампионатот, закажан од 12 до 20 декември во главниот град на Србија. Сепак, се прецизира дека ќе се следи епидемиолошката состојба во светот, која динамички се менува.

Извршниот комитет ќе донесе конечна одлука на 6 ноември. Потоа ќе се дискутира за различни препораки за одржување на Светскиот куп за мажи и жени.

„Оптимисти сме во врска со враќањето на светското борење на меѓународната сцена во декември. Безбедноста на спортистите, тренерите и сите наши специјалисти е врвен приоритет за нас. Затоа, строго ќе ги следиме сите препораки на соодветните институции“, рече Ненад Лаловиќ, претседател на Обединетото светско борење.

Шампионатот до 20 години, закажан од 4 до 10 декември во Белград, е откажан. А, причината е што не се исполнети условите за одржување на шампионатот. Исто така е прецизирано дека поради пандемијата, во повеќето земји натпреварите за оваа возрасна група не се обновени, тренираат само мажи и жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО