Мани Пакијао потпиша договор со компанијата која го застапува Мек Грегор

Легендарниот боксер Мани Пакијао потпиша со Парадигма спорт, а тие се неговите нови менаџери.

Ова е доста интересно од страна на 41-годишниот Филипинец, бидејќи Парадигма го претставува и Конор Мек Грегор. Последните недели Мек Грегор не престана да зборува за бокс со Пакијао во блиска иднина, а сега кога и двајцата се клиенти на Парадигма спорт, ова дефинитивно ќе го олесни процесот.

Пакијао објави фотографија на социјалните мрежи, на која потпиша со нив и изјави дека ќе се случат големи работи.

Мани има учинок 62-7-2 во боксот и многумина го сметаат за еден од најголемите на сите времиња. Тој е во серија од две последователни победи и во јули минатата година го победи Кит Турман и му ја одзеде титулата на ВБА во полусредна категорија.

Пакијао е единствениот боксер кој освоил титули во 8 различни категории. Тој има освоено 12 од големите светски титули. Мани е исто така првиот што е линиски шампион во 5 различни категории. Освен овие импресивни достигнувања, „Пакман“ е единствениот што освоил титули во последните 4 децении.

https://www.instagram.com/p/CGOKj-sldJE/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО