Светското карате првенство одложено за 2021 година

Светското првенство во карате кое требаше да се одржи во ноември годинава е одложено за истиот месец следната година. Светската карате федерација се одлучи за овој потег поради пандемијата од коронавирусот која доведе и до откажување на Летните олимписки игри на кои за првпат требаше да биде и каратето.

„Не беше лесна одлука, но моравме да ја донесемe. За првпат по 50 години нашиот спорт не организираше ниту едно континентално или светско првенство во една календарска година. Се надевам дека Светското првенство во 2021 година ќе биде нова надеж“, изјави претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспинозa.

25-то Светско првенство во карате ќе се одржи во периодот од 17-22 ноември 2021 година во Дубаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО