Волкановски пишува книга за деца: Не сме силеџии кои скаат да удираат старци!

Пред реваншот со Макс Холовеј за титулата во перо категорија на УФЦ 251 австралиско-македонскиот борец Александар Велики Волкановски објави дека пишува илсутрирана книга за деца која е при крај. Книгата треба да се појави пред реваншот со Холовеј и треба да го разбие мислењето дека ММА е силеџиски спорт.

„Книгата е за мене, што е навистина кул. Насоката во која одиме е да покажеме како е да се биде светски шампион и каков е патот до титулата“, истакна Волкановски.

Делумно би мотивиран да го промени имиџот на фајтерите како силеџии без мозок, подбуцнувјаќи го Конор Мек Грегор за неговата тепачка во бар со постар човек.

„Не сме сите силеџии кои скаат да фрлаат предмети на автобуси, кои сакаат да удираат старци и други такви приказни од медиумите. Не сме сите такви. Неки од луѓето кои заслужуваат најголема почит се фајтери“, потенцира Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО