Тајсон пак демонстрира застрашувачка брзина и брутална сила (ВИДЕО)

Мајк Тајсон останува на добар пат да се врати во боксерскиот ринг, откако повторно покажа импресивна брзина и брутална сила на тренингот.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија во април објави дека се подготвува да се врати во боксот и тренира да се бори за добротворни цели.

Ивандер Холифилд, кој двапати го совлада Тајсон на професионални натпревари, е предложен за потенцијален противник, бидејќи и тој ги забрза подготовките во последните месеци.

Тајсон (53) се опоравува физички со помош на легендарниот тренер на ММА, Рафаел Коридеиро.

И во видеото објавено денес, Тајсон повторно ги покажа своите импресивни вештини во боксот.

https://www.instagram.com/p/CBv6LTDlSm1/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО