Бобан Данов загуби во осминафиналето на СП

302
Без успех
Данов на СП во Ташкент
Без успех
Данов на СП во Ташкент

Заврши настапот за првиот од тројцата македонци на Светското првенство во борење во слободен стил во Ташкент. Во категоријата до 125 килограми, Бобан Данов загуби во осминафиналето и тоа со технички туш (10-0) од Чулунбат Јаргалсахјан од Монголија. Веќе во следната борба Монголецот загуби, па Данов немаше право на репасаж.

Претходно, во квалификациската рунда, македонскиот борач беше подобар од Летонецот Димитријс Михаловс со 6-0. Утре на душекот ќе излезат Јасин Реџалари, во катергоријата до 61 килограм и Дејан Митров до 65 килограми.