Светско првенство: Аврамова со три победи, Неделковски со две, Димоска поразено со преглaсување

На првиот ден на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тенерифе, Шпанија, најдалеку стигна дебитантот Владанка Аврамова во кати за кадети. Таа забележа три победи и четвртфиналето загуби од репрезентативката на Египет, која, пак, не се пласира во финалето за да ја повлече нашата репрезентативка во репасажот.

И вториот кадетски дебитант, Александар Неделковски, беше солиден во настапот, забележувајќи две победи и еден пораз. Не му се пружи шанса за репсаж.

Јуниорката Киријана Камческа е поразена во првото коло со прегласување на судиите.

Нашата најголема надеж (У-21) Маријана Димоска во првото коло беше слободна, во второто забележа победа, а во третото со прегласување на судиите го загуби мечот со Французинката Лила Буи со 2-3. Потоа Буи не се пласира во финалето, така што Димоска остана без можност во репасажот да се бори за медал. Не знаеме колку на ова влијаеле судиите.

Да потсетиме дека таа со сестра и Мишела и Камческа на претхдоното СП во 2015 година освоија сребрен медал како ката тим.

Сепак, прашање е дали на нашите репрезентативци и влијаеше патот и дремењето на аеродромот во Барцелона?

Резултати

Кати кадети – 39 натпреварувачи жени, 46 мажи

Владанка Аврамова – Денисе Гордиљо (Гватемала) 4-1

Владанка Аврамова – Славица Црновчиќ (Србија) 3-2

Владанка Аврамова – Пиа Цесар (Словенија) 4-1

Владанка Аврамова – Нурхан Севидан (Египет) 0-5

Александар Неделковски – Александер Маршал (Шкотска) 3-2

Александар Неделковски – Александар Кузнецов (Киргистан) 4-1

Александар Неделковски –  Кенан Никочевиќ (Црна Гора) 0-5

Кати јуниори – 43

Киријана Камческа – Андреа Руиз (Венецуела) 2-3

Кати У-21- 42

Маријана Димоска – Викторија Круз (Мексико) 5-0 – второ коло

Маријана Димоска – Лила Буи (Франција) 2-3

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО