Светскиот вицешампион Емил Павлов се откажа од советничкото место за да се посвети на спортот

Светскиот вицешампион во карате од Дубаи Емил Павлов поднесе оставка од советничкото место  во Советот на Општина Штип. Тој накратко образложи дека повлекувањето од советничкото место е од лични причини, по што Советот ја прифати неговата оставка.

„Сфатив дека имам многу големи ангажмани за тренирање и натпреварување во земјата и странство што значи дека често ќе отсуствувам, некогаш и подолго време, а со тоа ќе ја кочам работата на Советот“, кажа Павлов, кој на последните избори стана член на Советот на Општината Штип како дел од советничката група на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО