Тој бил дел од „Азов“, есктремно-десничарскиот баталјон во украинската војска, кој се борел против руската војска. Оваа единица и пред војната беше напаѓана од Русите како нацистичка, бидејќи ги користеле симболите на германските фашисти од Втората светска војна.
„Војната ги зема нашите најдобри. Максим Кагал загина додека го бранеше нашиот град како дел од Азов единицата. Спиј мирно, брате. Ќе те одмаздиме“, беше пораката на неговиот тренер Скитра.
Кагал стана светски шампион во кикбокс во 2014 година, а веднаш потоа ѝ се приклучи на озогласената Азов единица.