Борбата за европската титула на Владимир Егоров ќе се следи на плоштадот во Штип

Претседателот на БК Балканец, Виктор Богданов, соопшти на Фејсбук дека утре на плоштадот во Штип, за прв пат во историјата на клубот, ќе биде поставен видео-бим преку кој штипјани директно ќе можат да ја гледаат финалната борба на Владимир Егоров за европската титула, кој е член на штипскиот клуб.

Борбата е по 18 часот.

Егоров во финалете силите ќе ги одмери со Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде.

Владимир на Европско сениорско првенство во борење во Будимпешта-Унгарија, во полуфиналето го совлада Манвел Хнџрстјан од Ерменија со 10-0, техничи туш.

Резултати – Европското првенство 2022:

57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО