Светски мегдан за македонската кик бокс сениорска репрезентација во Абу Даби

Од 21 до 30 ноември македонската сениорска кик бокс репрезентација ќе настапи на ВАКО Светското кик бокс првенство за сениори и ветерани во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Нашата земја ќе настапи со 8 натпреварувачи со 9 натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски – Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски.
На СП патуваат: Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре Велков, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски.

На Светското првенство учество ќе земат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет.
„Нашата репрезентација е супер подготвена и е составена од искусни и квалитетни борци, дел од најуспешните и докажани и дел од најѓладите сениори кој за првпат ке настапат на сениорско светско првенство. Од нив шест ќе настапат на ринг и двајца на татами борилиштата. Конкуренцијата е огромна, секој натпреварувач во својата категорија ке има од 13 до 28 противници. Ни претсојат тешки борби, но подготвеноста, квалитетот и мотивацијата во нашата репрезентација е голема и како и секогаш ќе атакуваме на светските медали.
Очекувам убав пат, успешно мерење и добар ждреб, а потоа да покажеме што знаеме и можеме. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди“, изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кикбокс маитаи ферација на Македонија



