
Борачките на Олимпија од Штип на престижниот турнир „Куп на Самоков“ во Бугарија освоија 5 медали – 2 златни, 1 бронзен и 2 сребрени.
Медалите ги освоија:
Јована Нисева – златен медал до 28 кг, У-12
Софија Кастанова – златен медал до 32 кг, У-12
Вероника Зафирова – сребрен медал до 32 кг, У-12
Анастасија Трајчева – бронзен медал до 61 кг, У-17
Теа Проевска – бробзен медал до 46 кг
На турнирот настапија над 150 борачи и борачки во грчко-римски, слободен стил и женско борење од Турција, Украина, Македонија, Молдавија и Бугарија.
Тренерите Гордан Николов и Кире Нисев се задоволни од пласманот на девојчињата кои извојуваа по три победи за златен медал, а за второ и трето место по две победи и еден пораз.



