Свештеникот-боксер за ударите на животот!

Andon-Shavulev

Овој расказ е за еден човек кој лекува лица, но во исто време може да нокаутира противници. Тој е еден од ретките свештеници кои можеби поради рефлексот, не би го свртел другиот образ, ако биде удрен.

 Тоа е Андон Шавулев, тренер на деца во нерамноправна положба, на деца – сирачиња од домот во Благоевград. Освен што ги прави шампиони, Таткото ги учи како да се справат со животот.

 Секој може да си изведе заклучоци за себе од исклучително поучната приказна на емисијата „Топилницата“ на бугарската Нова телевизија.

„Боксот е средство. Нашата цел не е да станат шампиони, туку да стекнат навики – дисциплина и самодисциплина, самоконтрола, послушност. Без овие квалитети нема да може да се справат во животот, тој ќе те отфрли“,- вели тренерот по бокс, истовремено и отец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО