Стрикленд: се надевам дека Русија ќе нѐ бомбардира со нуклеарки, за мадињата да ни пораснат!

Американскиот ММА-борец Шон Стрикленд е еден од најконтроверзните ликови во ММА светот, ама неговите последни политички ставови во ситуацијата на огромна тензија со закани и за нуклеарна катастрофа ги шокира сите во САД и во светот.

Вообичаено нема Американец кој нема да застане зад својата земја, а Стрикленд направи нешто спротивно – посака Русија да ја разори Америка со нуклеарки. Причина, Американците станале многу меки.

Ова е трет испад откако неодамна изјави дека „сака да убие човек кога излегува од дома“ и дека сите Украинци најдобро би било да станат Руси, а сега нуклеарното ракетирање го објасни зашто Американците биле неуспешни во ММА.

„Американците се најголеми еб*ни пи*ки. Колку американски шампиони има сега? Видете го тој мрзеливиот Бразилец кој неодамна ме нокаутира. Американците се еб*но премеки, премногу еб*ани Старбакси… Јас се надевам дека Русија ќе нѐ бомбардира со нуклеарки, за после тоа нашите мадиња да пораснат“, рече Стрикленд.

Тој е роден во Анахајм во Калифорнија, а професионален борец е од 2008 година. Од 2014 година учествува и во УФЦ. Во кариерата има 25 победи и четири порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО