Страшна трагедија во Казахстан: Малолетен борец почина за време на борба

Страшна трагедија се случи на ММА турнирот Номад кој се одржа во Казахстан. За време на борбата почина Канат Ахунов, 17-годишен казахстански борец.

Работите тргнаа на лошо откако Ахунов прими удар со нога во стомакот во текот на втората рунда. Младиот борец паднал на земја, му била укажана лекарска помош, но за жал младиот живот не можел да се спаси. Ахунов почина во спортскиот комплекс Батир.

За учество на турнирот тренерот на малолетниот борец морал да достави лекарско уверение дека Ахунов нема здравствени проблеми кои би го спречиле да учествува. Поради тоа при систематскиот преглед не се констатирани здравствени проблеми и Ахунов можел правилно да се претстави. Неговиот тренер накратко опиша што се случило.

„Тој дојде кај мене, рече дека е болен, го извади штитникот за уста и му дадов вода. Го прашав дали сака да ја продолжи борбата, а тој рече дека сака. Три пати вдишуваше и издишуваше, а 20-ина секунди подоцна колабира. Ако се погледне внимателно, се гледа дека Канат не падна од ударот на противникот, туку почна да паѓа уште пред самиот удар. Веднаш притрчавме, му го извадивме шлемот и се обидовме да му го извадиме јазикот од грлото. Кога му ја отворив устата, се изгледаше во ред, а лекарите подоцна открија дека срцето му откажало“, објасни тренерот на овој млад трагично загинат борец.

Навистина голема трагедија која секако ја потресе ММА заедницата во Казахстан, но веста се прошири низ светот. Се разбира, ваквите случаи само дополнително ги зајакнуваат оние кои го критикуваат овој спорт и се залагаат за забрана на ММА, но смртта на теренот се случила во мноштво различни спортови.

Ова навистина не е време и место за какви било дискусии. На починатиот Канат ни останува само да му посакаме душата да му почива во Божји мир.

Снимка од трагичниот настан:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО