Стојановски од Лав Куманово: Да се вратиме на класичната бокс лига!

Светислав Стојановски од Боксерскиот клуб Лав Куманово согледувајќи ги резултатите од петте кола на Првата и Младинската лига на Македонија е со предлог од идната сезона да с епромени форматот на натпреварувањето.

„За доброто на боксот предлагам од идната година да се вратиме на класичното екипно натпреварување. Не мора во сите категории, туку за почеток да се определиме за пет тежински категории по меч во зависност од расположливите сили на клубовите за одредено коло. Од друга страна, оние клубови што се со помалку боксери, за доброто на спортот би било добро да направат една екипа за Лига натпреварите, а на поединечните првенства ќе настапуваат за матичните клубови. На овој начин ќе добиеме на квалитет, масовност и враќање на публиката во салите“, вели долгогодишниот боксерски работник и спонзор на Лав Куманово, Светислав Стојановски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО