Објавени се датумите за полуфиналните мечеви на ВБСС во крузер категорија

Објавени се датумите за полуфиналето на ВБСС/WBSS турнирот во крузер категорија.

Во полуфиналната битка за „Трофејот Мухамед Али“, шампионот на ВБО, Александар Усик (13-0, 11 КО) на 27 јануари во Рига ќе се бори против домашниот боксер и Марис Бреидис од ВБЦ (23-0, 18 КО).

Усик го елиминираше Марко Хук во технички нокаут во четвртфиналето на Берлин, додека 32-годишниот Бридис во Рига со едногласна одлук на судиите го победи Мајк Перез.

Вториот полуфинален меч во кој се среќаваат шампионот на ИБФ, Мурат Гасиев (25-0, 18 КО) и шампионот на ВБА, Жуниор Дортикос (22-0, 21 КО), ќе се одржи на 3 февруари во Сочи.

Гасиев во првиот круг го нокаутира Криштоф Влодарчик, додека Кубанацеот го нокаутира Дмитриј Кудрјашов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО